Водечки професор изјави дека Турција има најголем број трансплантации на органи во Европа.

„Турција е земја со најголем број трансплантации во Европа. Турција е најважната земја во светот во однос на трансплантација на органи“, кажа за време на конференција Алпер Демирбаш, шеф на одделот за трансплантација во приватна болница во јужната провинција Анталија.

Демирбаш рече дека болницата во последните 11 години извршила 500 трансплантации на црн дроб, 5 028 на бубрези и 30 на панкреаси и додаде дека многу европски земји не можат да ги достигнат овие бројки.

Тој истакна дека овие успешни операции спасиле многу животи.

Демирбаш додаде дека Турција не само што спроведува операции, туку објавува и научни статии од оваа област.

„Бидејќи донацијата на органи на починати е ретка, трансплантациите се прават претежно со органи од живи донатори“, рече тој.

Лекарот извршил над 6.000 трансплантации на бубрег, одбележува Сабах.

„Трансплантациите на органи се повисоки на Западот додека се помали на Истокот“, рече тој, додавајќи дека нема донатори во Јапонија и Кореја.

Демирбаш исто така рече дека не е можно да се произведуваат и трансплантираат вештачки органи во блиска иднина.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO