Актерот Доналд Сатерленд ќе добие награда за животно дело на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Шпанија. Наградата ќе му биде врачена на 26 септември. Во објавата се посочува дека 84-годишниот Сатерленд „талентирано прикажал десетици ликови во серија жанрови од драма, преку воен филм и трилер, до хорор и научна фантастика“.

Во 2017 година Доналд Сатерленд доби и почесен „Оскар“ за неговите повеќе од 150 филмови.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO