Бугарите имаат заштедено повеќе од 53 милијарди лева до крајот на јули, пренесе репортер на БГНЕС.

Заштедите на домаќинствата се зголемиле за 8,1% во однос на истиот месец минатата година, покажува статистиката на БНБ.

Значителен раст на депозитите е забележан и кај финансиските претпријатија. Тие скокнале за 35,1% во јули 2019 година во однос на јули 2018 година и достигаат 3.500 милијарди лева или 3% од БДП на крајот на овој месец.

Депозитите на нефинансиските претпријтија изнесуваат 24,44 милијарди лева или 20,9% од БДП.

На крајот на јули 2019 година, кредитите на невладиниот сектор изнесуваа 59,860 милијарди лева (51,7% од БДП), во споредба со 59,372 милијарди лева за јуни 2019 година (51,3% од БДП). Во јули 2019 година, тие се зголемени за 6,5% на годишна основа

Нето странските активи изнесуваат 60,015 милијарди лева на крајот од отчетниот месец, во однос на 58.287 милијарди лева на крајот на јуни 2019 година, што претставува раст од 11,5% во однос на јули 2018 година (11,8% годишно зголемување во јуни 2019 година).

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO