Британската кралица Елизабет II се пожали на австралискиот премиер Скот Морисон дека тревата пред Бакингамската палата е оштетена од хеликоптерите на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Сандеј тајмс“.

Според неа, за време на државната посета на Трамп во Велика Британија на почетокот на јуни, хеликоптерите на американскиот лидер слетувале во дворецот двапати на ден, што оставило траги на тревата.

„Погледнете ја мојата трева. Таа е уништена“, ја цитира кралицата извор близок до Морисон.

Посетата на Трамп на Лондон беше многу контроверзна, десетици илјади Британци протестираа против него.

Посетата на Трамп во јуни ќе се запамти и по „сонливоста“ на господарот на Белата куќа, кој задрема за време на здравицата на кралицата, соопшти тогаш весникот „Мирор“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO