Поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски отворено се конфронтираше Бугарија и постојано се доближуваше до партијата на Слободан Милошевиќ. Неговиот наследник Кристијан Мицкоски ја продолжува таа линија.

Ова се вели во обемна анализа на македонското списание Фокус.

„Во времето на најмоќното владеење на Никола Груевски, ако некој од старите дејци на дијаспората од ВМРО беше видел како тој отворено се конфронтира и со секој изминат ден сè повеќе ги нарушува односите со официјалната Софија и цела Бугарија, веројатно немаше да поверува на своите очи и уши. Но, македонската историја го доживеа и тоа нешто “, се вели во публикацијата.

„Ако во првиот Извршен комитет на партијата / ВМРО-ДПМНЕ, уд. / во 1990 година седеа луѓе кои беа отворени на идејата за ревидирање на историјата во однос на бугарското прашање, во последното раководство под диригентската палка на Груевски не беше останал ниту еден таков човек.Слободно може да се каже дека „ВМРО-овците“ од ерата на Груевски беа поголеми антибугари од целата Државна безбедност, а можеби дури и од самиот Лазар Колишевски. Барем засега, така изгледа и новото последно раководство предводено од Кристијан Мицкоски , пишува уште во анализата списанието.

„Уште поголем проблем со Груевски не беше само конфронтацијата со Бугарија, туку и отвореното зближување со Србија. При тоа, со политичката партија на Ивица Дачиќ, која е директен наследник, не само на Слободан Милошевиќ, туку и на целиот Сојуз на српските комунисти. „Со еден збор, од 2006 година ВМРО-ДПМНЕ беше во сојуз со најомразените лица на македонската дијаспора“, нагласува изданието.

Написот зборува и за дијаспората во Северна Америка и Австралија пред војната, која „била пробугарска или целосно бугарска“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO