Црна Гора треба да ја врати армијата за да ја чува границата со Албанија и Косово и да изгради таму ѕид против мафијата и шверцерите, напиша еден од лидерите на опозицискиот Демократски фронт (ДФ), Небојша Медоjевиќ, на профилот на Твитер.

Според него, тоа би било ефикасно решение „против шверцерите во Црна Гора, Албанија и таканареченото Косово“. Тој предлага армијата да ја замени полицијата, која сега ја чува границата, да се воведат модерни средства за видео надзор и сателитски технологии, како и да се изгради заштитен ѕид, кој да ја спречува мафијата.

„Ѕидот нема да биде изграден заради албанскиот или црногорскиот народ, туку исклучиво против црногорската и албанската мафија, кои со поддршка на корумпираните и криминалните режими во Подгорица, Приштина и Тирана ја претворија таа граница во Елдорадо за шверцери со дрога, цигари и оружје, хемиско оружје, биолошко оружје и илегални мигранти “, пишува Медоjевиќ.

Заедно со својот пост, црногорскиот политичар копирал мапа на рутите за шверц на дрога и други недозволени стоки.

Во прилог на своите тврдења, Медоjевиќ наведува информации од албанската опозиција за трговија со дрога. „Црна Гора, Косово и Албанија се клучни точки на балканскиот пат за наркотици и се повеќе се восприемаат од светските служби како закана за безбедноста на ЕУ и САД“, тври политичарот.

ТАТКОВИНА потсетува дека Небојша Медоjевиќ е политичар од ДФ, коалиција на десет опозициски партии. Најавторитетните од нив се Новата српска демократија, Движењето за промени и Демократската народна партија на Црна Гора. Коалицијата традиционално се застапува за соработка со Србија и Русија и остро се спротивставува на прозападната политика на црногорски власти.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO