Парламентот на Косово објави дека на 22 август ќе се одржи седница на чијдневен ред е вклучено гласање за распуштање на законодавниот дом, соопшти МИА. Тоа го отвора патот за предвремените парламентарни избори да се одржат наесен.

Пред тоа ќе биде предоложена за гласање ратификацијата на финансискиот договор помеѓу Косово и Европската унија за употреба на средствата за претпристапна помош (ИПА) .

По оставката на премиерот Рамуш Харадинај, партиите претставени во парламентот постигнаа договор да се одржи собраниска седница на 22 август за да се гласа за распуштање на парламентот. Претседателот на земјата, Хашим Тачи, тогаш ќе треба да распише предвремени парламентарни избори.

Според различните изјави на партиските лидери, има консензус за датумот на изборите и тие најверојатно ќе се одржат на 6-ти октомври. Не се исклучува можноста тоа да се случи претходната недела, на 29 септември. Законскиот рок за одржување избори е помеѓу 30 и 45 дена од денот на распуштање на парламентот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO