Главниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовевски, побара притвор за шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева.

Според Јовевски, има доволно докази дека Катица Јанева злоупотребила со службената положба при аферата ʺРекетʺ.

Нема податоци дека политичари се вмешани во аферата, рече Јовевски, додавајќи дека компјутерот на Јанева е запленет при претресот.

Специјалните полицајци денеска ја уапсија Јанева. Претходно, полицијата изврши претрес во домот на Катица Јанева во скопската населба Козле. Инспекторите ги претресуваат и канцелариите на Катица Јанева. Таа вчера го даде своето прво сведоштво за аферата ʺРекетʺ.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO