Стратегиските инвеститори се тие што ќе ја градат „Белене“, изјави бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова.

Вчера стана јасно дека Министерството за енергетика примило 13 апликации за учество во изградбата на централата. Во трката учествуваат кинески, корејски, руски, бугарски и германски учесници.

Апликациите се поделени во три категории – стратешки инвеститори, учество преку набавка на опрема и набавка на електрична енергија. Вкупно 7 се кандидати за стратешки инвеститори. Познатите досега се кинески и корејски државни нуклеарни компании, како и рускиот „Росатом“. Во рок од 90 дена ќе биде составен краток список на кандидати што ќе бидат интервјуирани, а комисијата со Министерството за енергетика ќе ги разгледа апликациите за стратешки инвеститор.

Македонија исто така изрази желба да учествува во проектот за нуклеарната централа „Белене“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO