Појавата на иредентизам и нарушување на принципите на правната држава може да има директно влијание врз процесот на пристапување во ЕУ за Северна Македонија, рече Милтијадис Варвициотис од грчкото Министерство за надворешни работи во интервју за грчкиот весник Real News.

Тој додаде дека сегашната грчка влада „го следи секој чекор на скопската влада“.

Варвициотис го повтори ставот дека новата влада во Атина наследила лош договор, што го потпиша владата на Сириза, „откажувајќи се од преговорачкото оружје и националните позиции на земјата, како што е предвидено во Привремената спогодба и во Букурешт“.

„Нашата влада го следи секој чекор на скопската влада и во секој случај нема да дозволи изразување иредентизам и кршење на владеењето на правото, што ќе има директно влијание врз процесот на европска интеграција. Сега внимателно го следиме отстранувањето на сите архаични симболи од јавните места кај соседите. На крајот на краиштата, нашата главна цел е да ги заштитиме грчките производи и грчките марки, проблеми што владата на Ципрас ги остави на случајноста “, рече дипломатот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO