
13 компании изразија подготвеност да учествуваат на тендерот за изградба на нуклеарката Белене. Ова го изјави бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова на брифинг.
Барањето е поднесено и од страна на ЕСМ од Северна Македонија за малцински удел и долгорочен откуп на енергија. Овие ангажмани покажуваат дека постои интерес кај светските лидери во нуклеарната енергија, истакна Петкова.
