Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјар се обиде да стави крај на шпекулациите за иднината на Пол Погба, уверувајќи дека играчот од средниот ред нема да го напушти Олд Трафорд во овој трансферен прозорец.

Според медиумите, Реал и Јувентус не го изгубиле својот интерес за Французинот, а самиот Пол не ја крие желбата да го смени тимот и е подготвен да го фати првиот авион до Торино или Мадрид.

Меѓутоа, тој останува клучна фигура за Солскјар, кој во случај на трансфер нема да може да илезе на трансферниот пазар и да купи уште еден играч од средниот ред. За Оле Гунар Солскјар ова прашање е затворено.

„Да, тој останува. Вие постојано прашувате за Пол, но не гледам ништо чудно кога тој вели дека му се допаѓа друштвото на овие момци во тимот, му се допаѓа со што се занимава, му се допаѓа да си ја врши својата работа и да се насладува на фудбалската игра. Пол е таков играч што во однос на него секогаш ќе има некои прашања.Немало ниту една прес-конференција на која да не ми поставуват прашање за Погба, иако во 80% од случаите тој вели дека тој се насладува во неговата игра и престојот тука. Немам никакви сомнежи во врска со Пол “, заклучи Солскјар, цитиран од The ​​Guardian.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO