Претседателот на Албанија Илир Мета изјави категорично дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово-Србија“, соопшти МИА.

Во својата изјава за медиумите, тој истакна дека овој дијалог треба да се заврши на најдобар можен начин, не само за двете држави, туку и за целиот регион. Тоа е прашање од клучно значење што може да ги забрза или забави сите процеси на европеизација.

Според шефот на државата, иако Албанија е меѓу првите што ја призна независноста на Косово, таа не може да биде дел од дијалогот Белград-Приштина. Секакво вмешување во него или во конкретни теми што се дел од овој дијалог би претставувало нарушување на суверенитетот на косовската држава и оспорување за легитимноста на институциите.

Во однос на позицијата и улогата на Албанија, претседателот смета дека неговата земја треба да ги стимулира косовските институции и политичките партии да работат заедно.

Само на тој начин може да се постигне консензус за клучните прашања и да стане реалност историскиот момент, во кој Косово и Србија ќе го финализираат дијалогот со заедничко признавање на нивната државност. Во исто време, дијалогот ќе гарантира идно членство на двете соседни земји во Европската унија.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO