Германската канцеларка Ангела Меркел потсети во Унгарија за важноста на „хуманата“ Европа за време на церемонијата за одбележување на 30-годишнината од падот на Железната завеса во 1989 година, клучен момент во обединувањето на Стариот континент, соопштува АФП.

Застаната до унгарскиот премиер Виктор Орбан, со кого во последниве години влезе во остри спорови за имиграциските прашања – Меркел изјави дека ʺПан-европскиот пикникʺ што се одржал на австро-унгарската граница во 1989 година ги одразува вредностите на „солидарността, слободата и хумаността на Европа “

Двајцата лидери присуствуваа на црковна служба во градот Шопрон, по повод одбележувањето на годишнината од пикникот, за време на кој речиси 600 источни Германци ја преминаа границата и избегаа кон Запад – првото такво масовно бегство од изградбата на Берлинскиот ѕид во 1961 година, кое одигра клучна улога при неговото паѓање есента три месеци подоцна.

Церемонијата е исклучително ретка средба меѓу двајца од „големите преживеани во европската политика“ – Меркел ја предводи Германија од 2005 година, а Орбан управува со Унгарија од 2010 година.

Нивната последна билатерална средба беше во јули 2018 година кога Орбан ја оствари својата прва по три години посета на Берлин.

Тоа беше непријатна средба за време на која се појавија нивните разлики, при што Меркел го обвини Орбан дека не успеал да ја покаже „хуманоста“ со неговите остри антиимиграциски политики.

Орбан остро ја критикуваше Меркел за нејзината одлука во 2015 година да ги отвори германските граници за бегалците кои бегаат од Блискиот исток.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO