Чекорите што ќе ги преземе земјава по воведувањето забрана за увоз на компир и мед од Косово како реципрочна мерка за воведувањето забрана за увоз на рибен подмладок и икра од Косово ќе бидат познати на средбата што ќе ја одржат денеска министрите за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство Крешник Бектеши и Трајан Димковски со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, најави министерот Димковски. Нема експлицитна забрана за увоз од Косово и во земјава може да се увезува свежа косовска риба, но не и рибен подмладок и икра поради фактот што не спроведуваат мониторинг.

„По состанокот в понеделник ќе биде јасно што ќе преземеме. Косово нема експлицитна забрана за увоз на рибен подмладок и икра и треба само да докажат дека го спроведуваат мониторингот. Воедно, забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар“, изјави Димковски.

Во Косово годишно се извезуваат до 1 000 тони компири, а извозот на мед е во вредоност од околу 400 000 евра годишно.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO