Северна Македонија учествува со 50 војници во тековната вежба на НАТО, „Комбинирана решителност XII“ во Заедничкиот мултинационален центар за подготвеност во Графенвор и Хоенфелс, Германија. Американскиот генерал мајор Кирк В. Смит на денешниот брифинг, организиран од регионалниот центар за медиуми во Брисел, порача дека Северна Македонија е силен партнер во мисиите на НАТО. Според него, македонската армија покажала дека е способна и професионална и изрази надеж дека соработката ќе продолжи во иднина.

Бригадниот генерал Методи Хаџи-Јанев, командантот за специјални оперативни сили на АРМ истакна дека вежбите придонесуваат за подготвеноста на земјата за членството во НАТО и зајакнување на капацитетите на армијата. Во вежбите учествуваат околу 5000 војници од 21 земја.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO