Бројот на бегалци во светот достигна рекордни 70 милиони луѓе, соопштија Обединетите нации. Толкав број на бегалци не е забележан уште од Втората светска војна. Во соопштението на германскиот огранок на УНХЦР, објавено пред Светскиот ден на хуманитарноста, се наведува дека луѓето бегаат од војните, прогонот и последиците од глобалното затоплување.

Хуманитарната организација СОС Детско село објави дека минатата година се убиени или повредени 12.000 деца. Се додава дека илјадници се киднапирани и станале деца војници, а стотици илјади имаат сериозни трауми.

Најголем број убиени или повредени деца се регистрирани во Авганистан – 3 062, Сирија – 1 854 и Јемен – 1 698.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO