Политичкиот императив на Бугарија денес е не да ја „гази“ Северна Македонија, туку да ја пази како шарено јајце

Во интервју за „Гласот на Америка“, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски изјави дека: „Во Бугарија има генерална перцепција дека сега е моментот„да нагазат“. Според зборовите на македонскиот претседател ʺБугарија не зборува од позиција на споделена историја, туку од позиција на ʺнаша историја“, односно нивна, бугарска историја “.

Според него Софија се обидувала: ʺна едно крајно несиметричен начин да го реши 19 и 20 век“.

Заедничката историска комисија требало да ги ʺразгледа историските личности и настани, кои се споделени од двете држави, двата народа“.

И уште дека: ʺПроблемот нема да биде решен ако ние случајно се согласиме дека Гоце Делчев бил Бугарин и се борел исклучиво за бугарската кауза. Ако ние не кажеме, што е неспорен историски факт дека Гоце Делчев се борел не за Бугарија, туку се борел за Македонија и за самостојна македонска држава, ние во тој случај не сме го решиле проблемот.ʺ

Во изјавата на Пендаровски, може да се оцртаат две подведувачки внушувања и една точна констатација.

Подведувачки е да се внушува дека, дека во времето на Гоце Делчев, независно од признатиот факт дека тој и огромното мнозинство на неговите современици во Македонија се определувале како Бугари, суштествувал друг, различен македонски народ кој имал друга кауза, различна од бугарската. Второто недопустливо внушување е дека ако се признае историјата на македонците од 19-ти и почетокот на 20 век како „бугарска“, тогаш таа ќе биде единствено на Бугарија и нема да припаѓа исто толку на денешните Македонци (т.е. да е заедничка како што е формулирано во Договорот).

Точната констатација на претседателот Пендаровски е дека во Бугарија суштествува расположение дека сега е моментот присилно да побараме отстапки (како што направиле Грците), а не да се обидеме да сториме се што е возможно, македонците сами да побараат да ја објективизираат својата историја. Некои од поддржувачите на „тврдата линија“ се убедени дека второто е невозможно – македонците биле „настроени“ и затоа требало тврдо да поставуваме тврди услови.

Само што, овие гласови не си даваат сметка дека ако Македонците не посакаат да прифатат дека предците на повеќето од нив биле Бугари и не ја видат Бугарија како главен сојузник на Балканот, „македонската“ политика на Бугарија повторно ќе претрпи тотален неуспех.

Оттука и главниот императив на бугарската политика кон Македонија треба да биде не како да ги натераме македонците ʺда отстапат“, за Гоце Делчев, за цар Самуил или за кој и да било, туку да разберат дека е во нивен интерес да прифатат, дека нивната историја е во исто време „бугарска“ и нивна, без од тоа да следува, дека тие се, или задолжително треба да станат бугари.

Политички императиви и научни загатки

Ако политичкиот императив на Бугарија е да ги убеди македонците дека е во нивен интерес да ја прифатат историјата таква каква што била – т.е. дека тие не треба да прават „асиметрични отстапки“, а, напротив, со гордо дигната глава да ја побараат вистината за своето минато, тоа каква сепак е „историската вистина“?

Науката е дисциплина на создавање хипотези, кои даваат решенија за „загатките“ што произлегуваат од фактите кои ги набљудуваме. На пример, гледаме дека сонцето и планетите ја менуваат својата местоположба на небесниот свод. Птолопомеј предложил научна теорија дека сонцето и планетите обиколуваат околу земјата, а последниве се движат во некои чудни траектории (епицикли) ту напред, ту назад. Векови подоцна, Коперник предлага теорија што подобро ги објаснува набудувањата. Земјата и планетите обиколуваат околу сонцетои само се чини дека планетите понекогаш се враќаат назад. Многумина ја сметаат оваа теорија за навредлива – таа го изместува нашиот свет од центарот на вселената. Но, на крајот е прифатена не само од научната заедница, туку и од човештвото.

Денес констатираме дека околу два милиони души- во Северна Македонија и во светот, се определуваат како Македонци и го определуваат својот јазик како македонски.

Во исто време, имаме безброј податоци кои покажуваат дека во минатото, мнозинството од жителите на географска Македонија се самоопределувале како Бугари и ги определувале своите говори како бугарски.

Научната загатка изискува да предложиме теорија, која наjедноставно објаснува како се случило тоа?

Ако прифатиме, дека дел од бугарскиот народ, во рана фаза на неговата национална консолидација, бил присилно откинат од општобугарската целина и по многу страдања, војни, востанија, а најмногу по идеолошката граѓанска војна, формирала своја македонска етно-национална свест (иако некои поединци го задржале својот бугарски идентитет или сознание за бугарско потекло – без меѓутоа да се оформиле во посебна заедница во македонското општество) … тогаш, сите набудувања си го наоѓаат своето елегантно објаснување.

Во спротивно – ако излеземе со презумпција дека мнозинството од населението на „географска“ Македонија низ вековите имало самобитна македонска култура и дека таа преживеала без оглед на обидите на соседните земји (најмногу на Бугарија) да ја окупира и асимилира … тогаш, наидовме на безброј необјаснливи ʺкружни траекторииʺ. Ќе ни се наложи да прибегнеме кон објаснувања како „прости луѓе“, „предавници“, „заблуди кои потекнуваат од соседните земји“, „Егзархијата правела од македонците Бугари“ (и покрај тоа што е очигледно дека Бугарите, вклучително и оние од Македонија, се бореле за „својата“ Бугарска егзархија итн.

Теоријата за „небугарското“ потекло на македонците е научно неодржлива и без разлика колку еретици ќе бидат изгорени, порано или подоцна ќе се нареди до теоријата на Птоломеј, или до уште поексцентричната теорија дека земјата е рамна.

Тука меѓутоа треба да излеземе од сферата на науката и да се потопиме во политиката.

Што треба да направиме за да ги убедиме властите и општеството во Северна Македонија да ја прифатат научната теорија за своето минато.

Политиката не е наука. Таа има други правила. Кога водиш преговари, пред се треба да знаеш што сака другата страна. Потоа, треба да прецениш колку од тоа што тие сакаат можеш да им го отстапиш и што треба да побараш во замена. Ако она што тие го сакаат целосно не е во склад со она што го сакаш ти, никаква дипломатија нема да ти помогне. Ќе треба да искориситш некаква форма на сила. Но, како што востановивме, во случајот со Северна Македонија, каква и „отстапка“ да истргнеме од неа, загубата е за нас – затоа што нè оддалечува од самите Македонци да го видат во Бугарија својот основен сојузник на Балканот.

Задачата на нашата дипломатија уште на почетокот е многу тешка, Затоа што целта е да ги натераме македонците да се посомневаат во се што слушнале од нивните родители и учители уште од најрана возраст.Нешто како ова се случило со прифаќањето на теориите на Коперник и Дарвин.

Која стратегија можеме да ја приложиме?

Дури и пред 30 години, беше јасно дека македонската страна сака да биде признат македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Може до утре да повторуваме дека такви нешта не се „признаваат“. сè едно. Повеќето од денешните Македонци го сакаат токму тоа. Ако им повторуваме – „тоа што го сакате се глупости“, тие нема да нè видат како партнери и сојузници.

По која ʺцена“ Бугарија може да стане заштитник на правото на македонците да се нарекуваат Македонци, да го нарекуваат својот јазик македонски и нивната земја Македонија (веќе изгубена кауза)?

„Цената“ е да се признае очигледното. Дека дел од бугарскиот народ, таков каков што бил пред повеќе од 100 години, билприсилно откинат и…

Така како што за многу македонци е тешко да прифатат дека нивните предци се истовремено „нивни“ и Бугари, така на многу Бугари им е тешко да прифатат дека историјата на македонските Бугари е како бугарска, така и на оние кои не се определуваат како Бугари .

Нема полупав термин од „крадење на историја“.

Заедничката историска комисија треба да започне од општото – решавањето на загатката за потеклото на денешните Македонци, а не за деталите – цар Самоил, браќата Миладинови, Гоце Делчев…

Без прифаќање на општото – „Дека дел од бугарскиот народ, во рана фаза на неговата национална консолидација, бил присилно откинат…“ не само што не е можна соработка меѓу двете држави, но и единството на македонското општество е силно загрозено.

Многу македонски политичари и интелектуалци – како Денко Малески, проф. Димитар Димитров, па дури и Љубчо Георгиевски – отстојувајќи на својот национален македонски идентитет, направија важни признанија дека тој е дело на поколението одраснало во 30-тите години на 20 век. Бугарија треба да демонстрира категорична, јавна согласност со нив, да не се фиксира во улогата на Коминтерна, или да се обиде да постави јасна граница – ʺдо 1944 година историјата е ʺнаша“, а потоа е „ваша“.

Неразумно е од наша страна да ја осудуваме недвосмислено теоријата на македонизмот, затоа што иако е научно неоснована – како скоро сите политички идеологии –имено нејното прифаќање од режимот на Титова Југославија ја извади Вардарска Македонија од  „меѓународно признатите“ граници на Србија, кое од своја страна придонесе за независността на Македонија по распадот на југословенската мини-империја. А една самостојна Македонија, мечта по времето на Гоце Делчев денес е огромен триумф токму за бугарската кауза. По 1991 година, земјите кои се определувале како бугарски и го ставиле почетокот на бугарската нација со конституирањето на Бугарската егзархија веќе не се под туѓ суверенитет. Геополитичката конфигурација на Балканот денес покажува дека потомците на екзархиските Бугари успеале да ги ревидираат злобните договори од Берлин (1878) и Ној (1919). Тоа што на местото на Екзархијата возникнале две нации не го намалува значењето на долгорочниот триумф на ʺбугарската кауза“ – ако овие две нации си соработуваат!

Политичкиот императив на Бугарија денес е не да ја „гази“ Северна Македонија, туку да ја пази како шарено јајце, со јасното сознание дека ќе мине време пред повеќето Македонци да се почувствуваат доволно уверени во својот македонски идентитет и да признаат, дека историскиот македонизам – по српската окупациjа спасувачко лекарство, денес се претворил во смртоносен отров.

Способна ли е меѓутоа Бугарија за вакво високо дипломатско пилотирање? За жал, повеќето Македонци, вклучително и многумина со бугарско самосознание, или со осознато бугарско потекло, имаат оправдани причини да се сомневаат во тоа!

Ексклузивно за ТАТКОВИНА и ПРИОРИТЕТИ: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO