1878 година се родил Славејко (Славко) Арсов Кикиритков, бугарски револуционер, ресенски војвода на Внатрешно-македонската револуционерна организација.

Славејко Арсов е роден во 1878 година во штипскоНово село, тогаш во Отоманската империја. Основното образование го завршил во родното село, учи исто и во Скопје, а во 1897 – 1898 година во Софија. Неговиот брат Михаил станува член на ВМОРО во времето кога Даме Груев и Гоце Делчев се учители во Штип, а самиот Славејко се заколнува во 1895 година. На крајот на 1899 година Славејко Арсов се населил во Кичево, каде развива револуционерна дејност, лежи една година во затвор, а во есента 1901 година станал четник кај Марко Лерински, првично заедно со војводата и Гоце Делчев ги обииколуваат Костурско, Воденско, Леринско и Битолско.

Заедно со капетан Тома Давидов учествува во дејността на ревизионата чета. Од февруари 1902 година Славејко Арсов е војвода на независна чета во Битолско, а од летото и во Ресенско. Под негово водство, жителите на селото Круше ја отруле разбојничката чета на Асан Секира. Во Ресен, тој и Никола Кокарев ги создаваат првите комитети на организацијата. На Смилевскиот Конгрес е делегат од ресенскиот револуционерен регион, заедно со Александар Панајотов, Велјан Илиев и Никола Кокарев. Пред востанието, во четата на Славејко Арсов се присоединуваат попот Тома Николов и Донка Ушлинова. Учествува во Илинденско-Преображенското востание. По востанието се повлекува во Бугарија.

Се враќа во Македонија во 1904 година заедно со четите на Атанас Бабата и Стојан Донски. На 9 јули 1904 година, се предадени од србоманите поп Иван и неговиот син од селото Кокошине, во близина на кратовското село Горно Ѓуѓанци се опколени од турски аскер, по 6 часовна борба, четниците започнале да се повлекуваат. Загинуваат 20 четници и војводата Стојан Донски, а ранетиот војвода Славејко Арсов се самоубива.

Четата на Мише Развигоров заедно со милиција доаѓа на помош на Арсов, но закаснува. Развигоров влегува во Кокошине, го заробъва поп Иван и го заклал, заедно со уште десетина други србомани, ги натрупува труповите на куп и остава писмо над нив дека убиството го извршиле четниците.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO