Екипата на Баерн Минхен не успеа да ја започне со успех одбраната ма својата титула во Бундес лигата, завршувајќи на домашен терен со Херта 2: 2.

Домаќините, кои тргнаа во нова ера без Ариен Робен, Френк Рибери и Матс Хумелс, поведоа преку својот голгетер Роберт Левандовски во 24-та минута, по асистенција од Серж Гнабри. Воспитаниците на Анте Човиќ направија пресврт на настаните пред полувремето, кога во рамките на три минути Доди Лукебакио и Марко Грујиќ дадоа предност за Херта.

Избраниците на Нико Ковач изедначија по точно еден час игра кога Левандовски повторно беше во рацете на соиграчите, овој пат по изведувањето на пенал. До крајот на мечот Баерн притискаше во потрага по конечен успех, но не успеа повторно да го совлада Руне Јарштајн. Така, Баварците ја започнаа новата кампања со нерешен резултат, а во следното коло му гостуваат на Шалке 04. Херта, пак, го пречекува Волфсбург на домашен терен.

Во меѓувреме, стана јасно дека Филипе Кутињо ќе игра под наем до крајот на сезоната за шампионите во Бундес-лигата. Бразилскиот фудбалер од средниот ред патуваше со Барселона на гостувањето на Атлетик Билбао за првиот натпревар од Ла Лига, но беше изоставен од составот на Каталонците. „Задоволни сме, што го привлекуваме во Баерн. Тој е тука за една сезона со опција за трајно купување. Кутињо е универзален играч кој сигурно ќе ни даде многу опции за напад“, изјави спортскиот директор на Баварците Хасан Салихамиџиќ за ЗДФ .

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO