Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека високо-технолошкиот гигант „Епл“ ќе потроши огромна сума пари во САД пред средбата со извршниот директор на компанијата Тим Кук, соопштува АФП.

Двајцата остварија серија неформални средби, вклучително и на теренот за голф во Бедминстер, Њу Џерси, каде шефот на државата е на одмор.

„Ќе вечерам со Тим Кук од Епл. Тие ќе потрошат многу пари во САД. Тоа е одлично “, напиша Трамп во социјалната мрежа.

Средбата уследи по одлуката на компанијата во четвртокот да инвестира околу 60 милијарди американски долари во Соединетите држави, каде во моментот се вработени околу 90 000 луѓе. Голем дел од производите на високо-технолошкиот гигант се зглобуваат во Кина, а компанијата се спротивстави на наметнување на 10-процентни давачки на Пекинг, проблем на кој Трамп е особено концентриран и ќе стапат во сила на 1 септември.

Американскиот претседател го отфрли барањето на „Епл“ производите на компанијата да бидат исклучени од даночната листа, пишувајќи на Твитер во јули – „Правете ги во САД каде нема никакви давачки!“ Но, администрацијата на Белата куќа објави дека за некои стоки ќе беиде направен исклучок, со што давачките ќе бидат одложени до декември.

Твитот на Трамп доаѓа само неколку месеци по гафот што го направи во март кога се нарече Тим ʺКук Еплʺ. Претседателот изјави дека грешката е „намерна“ и „дека била за да заштеди време“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO