Екипата на Атлетик Билбао ја надигра Барселона на домашен терен со минимални 1: 0 во првиот натпревар од новата сезона на шпанската Ла Лига.

Шампионите започнаа со две ид нивните нови засилувања во стартниот состав – Антоан Гризман и Френки де Јонг, додека Лионел Меси беше изоставен од составот поради повреда. Во првото полувреме, воспитаниците на Ернесто Валверде ги контролираа настаните на теренот, но не го најдоа патот до голот на Унаи Симон. Од своја страна, Баскијците се обидуваа со контра напади да му отежнат на својот противник, а првиот дел заврши без голови.

Каталонците доживеаа уште еден удар кон крајот на полувремето кога уругвајскиот напаѓач Луис Суарез се повреди и присилно го напушти теренот, заменет со Рафиња. Второто полувреме не се разликуваше по ништо од првото и Барселона ја имаше контролата на топката, но Атлетик го дочека својот момент една минута пред крајот на регуларното време.

Центаршутот на Андер Капа го пронајде во шеснаесетникот Ариц Адуриц и нестареечкиот голгетер на домаќините го совлада Марк-Андре тер Щтеген со удар со ножици. Така, 38-годишниот фудбалер се израмни со ѕвездата на ривалот Меси по последователни сезони со гол во Ла Лига – 15. Гостите не успеаја да одговорат на предизвикот, и така по еден прецизен шут кон голот на Билбао, тие загубија во воведниот натпревар од кампањата. Во следното коло, Барса го пречекува Бетис дома, додека Атлетик му гостува на Хетафе.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO