За Бред Пит, славата е истовремено „ослободувачка и задушувачка“, пренесува Контакт Мјузик. Ѕвездата од филмот Once Upon a Time in Hollywood, кој воспитува шест деца со својата поранешна сопруга Анџелина Џоли, смета дека има добри и лоши страни да се биде под светлото на прожекторите.

Запрашан дали славата е ослободувачка или задушувачка, тој одговори: „Може да биде и двете, тоа е медал со две страни“.

„Славата е ослободувачка главно заради можностите што ви ги дава. Но, од друга страна, може да биде доста ограничувачка. Не сум се појавувал во лобито на хотел веќе 15 години – обично влегувам и излегувам преку задниот влез. Ги имаме нашите моменти – добри и лоши “, тврди актерот.

55-годишната sвезда отсекогаш се сметал за аутсајдер, бидејќи неговата кариера во Холивуд на почетокот не изгледала дека ќе биде успешна. Актерот тврди дека тој никогаш не се качувал во авион сè додека не започнала неговата филмска кариера.

„Не сум се качувал во авион се додека не наполнив 25 години. Затоа, каде и да одев, тоа беше неверојатно преживување за мене. Немаше значење дали е Холандија, Белгија или Токио – попивав сè со полна сила “, се сеќава Пит.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO