Лидерот на Демократската партија, Лулзим Баша, најави дека обединетата албанска опозиција ќе ги продолжи националните протести во септември.

Тој додаде дека обрачот околу премиерот Еди Рама се стеснува и дека „вренето да се побара сметка наближува“.

„Обрачот околу вратот на криминалниот деспот и крадецот Еди Рама се затегнува. Наближува времето кога тој ќе терба да ја даде крајната сметка на народот. Задоволен сум што пред почетокот на народните протестите, потпишавме договор за доверба со жителите на населбата Астир, рече Баша.

Станува збор за договор со жителите од населба, чии домови според владин проект, треба да бидат срушени за да се изгради нов голем обиколен пат во Тирана. Како резултат на проектот, ќе бидат срушени 330 индивидуални куќи со над илјада луѓе. Документот изразува поддршка за опозицијата за „протестот на жителите во одбрана на своите домови“.

Баша смета дека е кривично дело рушење на домовите заради „корумпиран проект“ што не обезбедува реално обезштетување. Тој вети дека со доаѓањето на власт, Демократската партија ќе преземе две итни мерки за ревидирање на проектот преку легализација или обезштетување заснована врз пазарната вредност и ќе ги гони сите што се вклучени во „големата корупциска измама“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO