Станува збор за непримерна изјава која користи речник кој може да навреди цели категории наши граѓани и во таа смисла мислам дека е добро што премиерот уште истиот ден се извини на оние кои се почувствувале евентуално навредени од тие некои зборови, вели Пендаровски во интервју за Гласот на Америка. И мене ми се случило да ми се испушти некоја изјава и ме критикувале за таа реченица, фраза или изјава. Меѓутоа, тоа така треба да биде, рече уште тоj.

Така се станува сериозна демократија и никој од нас не треба да е нервозен или лут што јавноста така перцепира. Јас тргнувам и од себе – просто немам право на грешка, нагласува шефот на државата.

Истакнува и дека граѓаните, како и политичарите се под голем притисок поради брзото случување на настаните, но дека одговорноста на политичарите е поголема.

Во врска со „Рекет“, повтори дека е невозможно главните актери во оваа, како што рече, драма, да тераат годишни одмори, независно дали се претпоставено обвинети или обвинители.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO