Во месноста ʺПетрова Ниваʺ на 17 август ќe биде одбележана 116-годишнината од Илинденско-Преображенското востание.

Во тржественото одбележување во историската местност ʺПетрова Ниваʺво општина Малко Трново учество ќе земе и Претседателот на Република Бугарија Румен Радев. На националниот меморијален собор ќе учествува и Заменик-началникот на одбраната, на Бугарија адмирал Емил Ефтимов.

Организатори на настанот, кој е под покровителство на Претседателот на Република Бугарија, се Сојузот на тракиските друштва во Бугарија, Општина Малко Трново и Регионалниот совет на тракиските друштва во Бургас.

Во 20:00 часот, во Храмот-костурница Свети Петка ќе биде отслужена заупокојна молитва во спомен на загинатите востаници. Во 20:30 часот, шефот на државата и главниот воен командант ќе го пречекаат почесниот строј на претставителни роти на Националната гарда и ќе оддадат почит во спомен на загинатите. Претседателот Румен Радев ќе одржи пригодна реч.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO