Белата куќа има намера да ги намали трошоците на САД за меѓународна помош за повеќе од 4 милијарди долари, пренесува „Политико“.

Според извори во американската администрација, проектот го изработила Канцеларијата за буџет на Белата куќа. Според овој документ, трошоците на Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) ќе бидат намалени за 2,3 милијарди американски долари, а меѓународните програми за помош што ги спроведува Стејт департментот ќе бидат помалку од 2 милијарди долари.

Измените во буџетот може да бидат испратени до Конгресот на почетокот на следната недела. На пратениците ќе им треба 45 дена да го одобрат или одбијат пакетот што го предложи претседателот. Сепак, според весникот, овие средства остануваат замрзнати во текот на периодот што се разгледува, и тие автоматски ќе бидат откажани по 30 септември, кога фискалната година ќе заврши во САД.

Порталот „Roll Call“ пренесува дека претседателот Доналд Трамп решил да стави крај на трошењето за „соларни панели на Карибите или фудбалските терени во Гватемала“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO