Од земјите на Западен Балкан во ЕУ само минатата година се доселиле 228 000 жители, покажуваат најновите податоци на Еуростат. Од Северна Македонија лани најмногу се отселиле во Германија – 11 500, а потоа следат Италија и Словенија, објави Евростат. Од Србија во ЕУ заминале 51 000 лица, а, сепак, најмногу заминале од Албанија – 62 000 и од БиХ – 53 000, пренесува подгоричкиот весник „Вијести“. Од Косово лани се иселиле 34 500 лица, од Северна Македонија 24 300 и од Црна Гора 3 000 жители.

Од Албанија најмногу заминуваат за Италија – 23 000, во Грција – 17 000 и Германија 10 000. Од БиХ најмногу се иселуваат во Германија -16 000, Словенија и Хрватска. Од Косово, што во овој документ е наведена како територија на ОН според резолуцијата 1 244 на Советот за безбедност, лани најмногу луѓе заминале за Германија, речиси 19 000, што е повеќе од половината, а потоа следат Словенија и Италија.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO