Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека САД нема да го водат дијалогот меѓу Белград и Приштина, но се обидуваат да најдат компромисна варијанта, соопшти МИА.

Во телевизиско интервју, Дачиќ изјави дека Европската унија ќе продолжи да игра водечка улога во овој дијалог. Соединетите држави се обидуваат да најдат компромисно решение за Косово што може да биде искористено после за целите на претстојните претседателски избори.

Што се однесува до тоа дали САД ја поддржуваат идејата за поделба на Косово, Дачиќ соопшти дека двапати разговарал со американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон и засега не станувало збор  дали ја поддржуваат идејата за поделба на територии или имаат друг концепт.

Министерот за надворешни работи е категоричен дека САД ја поддржуваат желбата за постигнување компромисно решение. Тоа било огромната разлика со претходната администрација на САД, која одбивала да зборува на оваа тема под изговор дека прашањето е решено конечно.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO