Отказот на Македонија да го екстрадира Томор Морина во Србија е од политички причини, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

„Ако за некого има издадено потерница од Интерпол, нема никаква основа да се разгледува дали ќе биде екстрадиран или не“, рече Дачиќ, додавајќи дека тоа прашање очигледно е разгледувано во политички контекст.

Тој потсети дека Франција на истиот начин го ослободила Рамуш Харадинај. Фактот дека Харадинај, како и другите поранешни борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК), нема да бидат привлечени под одговорност за воени злосторства извршени од нив ниту пред косовскиот суд, ниту пред Меѓународниот суд на правдата, сега станува проблем.

Српскиот министер смета дека на овој начин се рехабилитираат терористите и лицата кои извршиле воени злосторства, што е неприфатливо.

Тој истакна дека „западните земји вршат притисок Косово да стане членка на Интерпол, но во исто време организацијата не се почитува.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO