Сајтот Planet Football го определи Димитар Бербатов за вториот најдобар №9 на Манчестер Јунајтед од создавањето на Премиер лигата. На списокот се наоѓаат имињата на Златан Ибрахимовиќ, Антони Марсијал, Ромелу Лукаку, Луис Саха, Брајан МекКлеир и Радамел Фалкао, а на чело е Енди Кол. Бугаринот играше за „црвените ѓаволи“ помеѓу 2008 и 2012 година, постигнувајќи 56 голови на 149 натпревари.

„Многу малку играчи на списокот би можеле да бидат определени како енигми, но малку веројатно да има посоодветен од Бербатов. Лежерниот стил на Бугаринот му ја донесе „Златната копачка“ за прв стрелец на Премиер лигата во сезоната 2010-11. Тој му помогна на тимот двапати да го освои првенството за време на нивниот престој “, пишува весникот.

„Фергусон беше свесен, и тоа не се однесува само за мене, дека ако му дадете на играчот слобода и верба да го направи она што може, се разбира, во вистинско време, тоа е од корист за тимот“, беше цитиран Бербатов во извадок од интервјуто што го даде претходно годинава.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO