Министерството за финансии на Црна Гора издвои 2,7 милиони евра во овогодишниот буџет за да плати компензација за вработените во државната управа заинтересирани за раскинување на договорот за вработување.

И покрај повикот на Министерството за јавна администрација апликациите да бидат доставени до 30 август, Сузан Прибиловиќ од канцеларијата објави дека пријавите може да се достават до 30 декември 2020 година и дека постои голем интерес кај персоналот да го раскине договорот.

Надоместокот за заминување зависи од квалификациите и работата и се движи од околу 1000 до 16 500 евра. Надоместокот ќе се исплати во октомври.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO