Текстот го има напишано Иван Михајлов („Спомени“, т. III)

Cредба на Хасан Приштина и Иван Михајлов

Каков бил односот на албанските првенци кон македонското движење и неговата политичка цел. Тие, бар на книга, сакале соработка во борбата против заедничкиот угнетувач ја прифатија нашата цел – независна Македонија и не претендираа со територијални претензии врз македонската земја, освен за градот Дебар, чијашто судбина би била решена со плебисцит (референдум). Во такви услови потпишаа и протокол во 1923 година.

Дванаесет или тринаесет години покасно имав случај да се сретнам со еден од тие видни Албанци, може да се каже најпопуларниот меѓу нив – Хасан Беј Приштина. Тој бил како што сум веќе посочил претседател на Косовскиот Комитет, познат е како општественик уште од турскиот режим и бил и премиер во Албанија и сл.

Хасан Беј Приштина беше пристигнат во Софија, ако добро помнам, во 1933 година. Побарал наши пријатели, кои ме известија, дека сакал да се сретнеме. Придружуван од преведувач, дојде во едно македонско село и останавме заедно неколку часа. Ми остави одличен впечаток како соговорник. Имаше нешто многу пријатно во таа мудрост, измерена шеговитост, спокојство и специјален такт, така видливо препознатлив, дека тој е формиран во турско-ориентална политичка атмосфера.

Го испратив далеку од селската куќа во која што разговаравме. Додека го снема од мојот поглед постојано ми мафташе со раката за поздрав, јавнувајќи едно оседлано коњче и придружуван од еден наш другар. Откако се прибрав во куќата видов дека си го заборавил бастунот. Испратив друг другар да ги пристигне и да му го предаде. Го пристигнал, но љубезниот Хасан-беј не го зел бастунот и нарочно го замолил другарот да ми го предаде како спомен од нашата средба.

По најважното прашање, кое што ме интересираше, тој ми кажа: – Што се однесува до обединување на Македонија со Бугарија, ние Албанците ќе настојуваме да влезат во албанската држава оние места од македонските околии, каде мнозинството од населението е албанско. Но ако се создава независна Македонија, тие области треба да останат во нејзините граници т.е., ќе постапиме сите така, како што се случило во Швајцарија.

– Тогаш, можеби во Македонија ќе влезат и оние неколку стотина квадратни километри македонска земја, која што сега се наоѓа во Албанија, – додадов јас.

– Тоа не е многу трагично прашање, одговори Хасан-Беј насмевнато. Заради добрите односи меѓу Албанија и утрешна слободна Македонија тие неколку села еднакво спокојно можат да бидат од албанската во македонската држава …

„Меѓу Албанците, Хрватите и Македонците, претставувани соодветно од г.Хасан беј Приштина, д-р Анте Павелич и Иван Михајлов, се договорија 7 точки….

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO