Претставници на Барселона денеска заминаа за Париз за да преговараат со местниот ПСЖ за трансферот на Нејмар при Каталонците, соопштуваат медиумите во Шпанија. Според информацијата, поранешниот играч на Барса и актуелен фудбалски директор Ерик Абидал, како и двајца други клупски функционери, отпатувале во француската престолнина за да се сретнат со нивните колеги од ПСЖ.

„Тоа е значителен напредок во обидите на Барселона да го поврати бразилскиот репрезентативец, бидејќи до сега раководството на ПСЖ откажуваше да се сретне со претставниците на Барселона. Сепак, тоа не значи дека договорот е при крај“, пренесува каталонското радио Рац1. Според различни извори, шампионите на Шпанија ќе му понудат на францускиот клуб 80 милиони евра плус некој од нивните играчи, најспоменувани имиња се оние на Каутињо и Иван Ракитиќ.

За ввентуален трансфер на Нејмар се шпекулира цело лето, но гласините се интензивираа откако тој остана надвор од составот на Томас Тухел за воведниот натпревар на Лига 1, а навивачите на Парк де Франс го изразија својот гнев од постојаните шпекулации и кренаа транспарент. кој повикува 27-годишниот напаѓач да го напушти тимот. Според медиумите во Франција, парижаните сега се подготвени да се разделат со својата најголема sвезда ако успеат да ги вратат парите платени за тоа пред две години – 222 милиони евра, или за возврат да добијат играчи на таа вредност.

Како потенцијален купувач на Нејмар, во последните денови се оформи тимот на Реал Мадрид. Вчера, тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан ги засили ваквите гласини, откако рече дека „засега Нејмар не е дел од составот, но има време до крајот на трансферниот рок“. Сепак, фаворит за привлекување на Нејмар останува тимот на Барселона со кој Бразилецот го оствари својот најголем успех пред да ја прифати понудата на ПСЖ во 2017 година.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO