Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, е повикана денеска во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, потврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Тој не открива дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени, вели Јовески.

Тој тврди дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани. Јанева и Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO