Аргентинскиот напаѓач на Барселона, Лионел Меси се обиде да го одврати Нејмар од потпишувањето со Реал Мадрид, објави „Марка“.

Меси му се јавил на поранешниот соиграч и го замолил да не прифати евентуална понуда од Кралскиот клуб, но да даде се од себе за да се врати на „Камп ноу“.

Според медиумите, Реал Мадрид во моментов е лидер во борбата за Нејмар, бидејќи Пари Сен Жермен не сака да го продаде фудбалерот во Барселона поради лоши релации со каталонскиот клуб. Бразилецот беше играч на Барса од 2013 до 2017 година. Во Пари Сен Жермен минатата сезона тоj постигна 23 голови и асистенции за 13 на 28 одиграни натпревари. Неговиот договор со парижаните е до 30 јуни 2022 година.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO