Западот ги повика властите во Србија и Косово итно да го обноват прекинатиот дијалог меѓу себе. Во спротивен случај, ризикуваат недостаток на каков и да било напредок кон нивната европска интеграција, соопштува АФП.

Преговорите со посредство на ЕУ меѓу двете земји се прекинати во последните неколку месеци поради серија дипломатски судири.

Соединетите држави, Велика Британија, Франција, Германија и Италија излегоа со заедничка декларација во којанастојуваат двете соседни земји да го обноват „итно“ дијалогот меѓу себе.

„Статус-квото го спречува напредокот на Косово и Србија кон Европската унија“, се вели во декларацијата

Владите на земјите што ја направија заедничката декларација се изјаснија дека се подготвени активно да учествуваат во преговорите, но само доколку двете страни „дадат јасен сигнал дека се подготвени за компромис и да ги отстранат пречките за продолжување на преговорите“.

Тоа значи дека Косово треба да ги укине 100% царини за стоки произведени во Србија, воведени кон крајот на минатата година.

Во однос на Србија, таа треба да ја прекине „кампањата против признавањето на Косово“, кое се однесува на напорите на Белград да ги убеди државите кои ја признале независноста на Косово да ја повлечат нивната поддршка за Приштина.

По неуспехот на преговорите предводени од ЕУ минатата година, Германија и Франција излегоа со своја иницијатива да продолжат со дијалогот, одржувајќи самит во Берлин овој април.

Во отсуство на напредок, планираната средба за јули беше откажана.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO