
Претседателот на парламентот на Косово и Демократската партија на Косово (ДПК) Кадри Весели по повод 18-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор рече дека „овој настан претставува најголемо достигнување во напорите на Албанците да живеат како рамноправни на нивните територии“ во Северна Македонија, соопштува МИА.
Весели во публикацијата на Фејсбук изјави дека Охридскиот договор е „доказ дека албанската нација е мирна и претпочита да ги решава проблемите преку дијалог и разбирање“.
Претседателот на косовскиот парламент изјави дека „мирот во Северна Македонија е од витално значење за Косово“.
„Заедно со Договорот за името, овој договор ја демократизира Северна Македонија и го стабилизира Балканот. Мирот во Северна Македонија е исто така витално важен и за Косово, затоа сме горди што нашите сонародници беа конструктивни и изиграа решителна улога на евроатлантскиот пат на таа земја “, напиша Весели.
