Премиерот Бојко Борисов се состана со јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно, соопшти владината прес-служба. За време на разговорот во Советот на министрите, премиерот Борисов истакна дека Јапонија е приоритетен партнер и традиционален пријател на земјата. Бугарскиот премиер го опиша како позитивно активирањето на билатералниот политички дијалог на високо ниво.

Премиерот Борисов ја поздравува иницијативата на јапонскиот премиер Абе за соработка со Западен Балкан. Борисов изрази подготвеност на Бугарија да продолжи со добрата соработка во делот на службената помош за развој во регионот по успешното спроведување на Заедничкиот семинар за управување на ризикот од поплави во Западен Балкан, што се одржа на почетокот на оваа година.

Бугарскиот премиер исто така истакна дека Западен Балкан е приоритетна тема во рамките на бугарското претседателство на Советот на ЕУ.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO