Иван Перишиќ ги помина медицинските прегледи во Баерн Минхен и ако се е во ред, ќе заигра во германскиот шампион. 30-годишниот фудбалер ќе премине по наем од Интер, а на крајот на сезоната Баварците ќе можат да го купат за сума од 20 милиони. Хрватскиот репрезентативец дури и даде кратка изјава за Билд, потврдувајќи дека ќе премине во Баерн. „Да, само што ги поминав медицинските прегледи. Ќе го дадам најдоброто од себе “, беше цитиран Перишиќ.

Потсетуваме дека пред само неколку дена германските медиуми соопштија за преговорите меѓу Баерн и Интер за Перишиќ, кој не влегува во плановите на новиот тренер Антонио Конте.Хрваскиот крило помина четири години во Бундеслигата со екипите на Борусија Дортмунд (2011- 13) и Волфсбург (2013-15), со кои има 112 натпревари во германската елита со 27 постигнати голови.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO