Лондонскиот весник „Гардијан“ објави дека за неколку дена британските дипломати ќе се повлечат од институционалните структури на ЕУ, како што е планирано од владата на Борис Џонсон, соопшти Радио Слободна Европа.

„Во обид да се засили пораката дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 октомври, британските дипломати ќе престанат да присуствуваат на дневните состаноци во Брисел“, пишува весникот и додава дека тој потег, според официјалните лица во Лондон, е во согласност со првото обраќање на Борис Џонсон во Долниот дом кога тој рече дека ќе ја ослободи британската дипломатија од европски работи.

Критичарите на брегзит веруваат дека симболичкото повлекување ќе ја остави Велика Британија без увид во одлуките на ЕУ, што може да наштети на нејзиниот национален интерес.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO