Како што напишав во последниот текст со наслов “Крешендо”, проектот со кој треба на нашата земја да и’ се блокира добивањето на датум за преговори со ЕУ, па затоа и носи наслов “Октомври”, е во фаза на интензивна реализација.
Имено, вчера грчкиот портал “Макел” го пренесува скандалозното тврдење на српски “Блиц” дека “постои црн фонд за поткупување на политичари од Брисел (внимавајте на адресата), но и од Грција, за да на секаков можен начин се ублажи стопирањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ и НАТО”.
Грчкиот портал оди дотаму што објаснува дека, според извори на руските тајни служби, македонскиот премиер Зоран Заев успеал со фонд од 2 милиони евра да поткупи (ни помалку, ни повеќе) 12 грчки политичари за да “немаат ништо против влезот на Македонија во ЕУ”, со шпекулација дека парите завршиле кај Ципрас, Коsијас, Папас, Кондура итн .
Не ви звучат исто и оркестрирано небулозните теми за атак?
Уште еднаш ќе потенцирам дека во тек е исполнување на едно крајно сериозно и опасно сценарио на надворешни и внатрешни сили, кои работат против влезот на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.
Ги замолувам нашите граѓани да не’ наседнуваат на оваа хајка.
Близу сме до целта, преблизу, во остварувањето на вековниот сон за самостојна, независна и (конечно) насекаде меѓународно призната држава. Држава со обезбедена стабилност и обезбеден просперитет. Во тоа име и за таа цел, мораме да останеме присебни, да покажеме мудрост и да демонстрираме заедништво.
Ќе успееме!

ФБ статус на Андреj Жерновски

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO