16-годишна железничка царина, кој не работела и пет минути и тунел без шини, ископан пред седум децении – тоа е она што го има од Коридорот број 8, кој ги поврзува Бугарија, Северна Македонија и Албанија, пренесува дописникот на БГНЕС за регионот.

Порано или подоцна ќе го има фамозниот Коридор број 8, но за сега го имаме само ова. Дејствието се одвива во близина на ќустендилското село Ѓуешево. Тука на железничката станица, до која патува воз само три дена седмично, шините завршуваат, кои треба да ја поврзат Софија со Скопје, а понатаму железницата да стигне до Албанија и Јадранското Море.

Тунелот е оддалечен на околу еден километар од железничката станица – нешто како корито ископано во падината, завршувајќи со влезниот лак, обложен со плочки. Од македонска страна, влегува во областа Димов Хан над селото Узем, растојанието од Ѓуешево до таму по права линија е околу 3 километри. Од тоа растојние ископани се 600 метри од бугарска и не се знае колку од македонска, но и тоа не е сигурно.

Од македонска страна, влезот на тунелот се срушил, иако однадвор се чини дека е добро засилен. Во него има свињарник, а непосредно пред влезот има мочуриште. Тунелот излегува на 5 км по граничниот премин Деве Баир, до него се стигнува по црн пат од 1,5 км од десната страна на расклонот за селото Узем.

Тунелот е замислен уште во 19 век, но неговата изградба започнува дури во 1942 година, за време на бугарската администрација во Вардарска Македонија и Беломорието. Објектот го гради заедничка бугарско-германска компанија. Од бугарска страна, се ископани и обложени една четвртина од вкупната должина на тунелот. Тука, последен пат се работело во 1948 година, кога бугарско-српските односи „умираат“ и соседна Македонија станува дел од СФР Југославија.

Денес коритото на влезот од тунелот е поплочен со свлечени камени и израснати дрвја. Да се пронајде од надворешно лице е невозможно, не се наоѓа спроти шините, а 800 метри странично, очигледно дека во него ќе се влегува по блага кривина. На 20 метри по влезот, тунелот е поплавен, навлегува во падината околу 600 метри, иако местните луѓе тврдат друго.

За тие 70 години, тунелот го има, но бугарско-македонските односи „ферментираат“ тешко, иако ние сме први кои ја признавме новата држава. Додека тие еволуираат до ерата Борисов-Заев, ладот во тунелот е исклучително погоден за склад на млечните продукти на некогашното ќустендилско претпријатие Сердика.

Надежите за изградба на европскиот коридор се оживуваат по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу премиерите Борисов и Заев. Трасата ќе биде брза, наново ќе бидат ископани тунели, но оној под Осоговската Планина ќе се користи, макар и прекопан одново.

Мештаните седат во продавницата и умуваат дали возот ќе помине низ тунелот под Осоговската планина.

„АКо беше направен тунелот, сега ќе бев градоначалник на Охрид“, вели 87-годишниот Милан Петракиев од Ѓуешево. Според него, коридорот ќе го има, тоа е вечен сон на луѓето од обете страни на границата.

„Два километри без 200 метри се ископани од наша страна на тунелот, ништо не е започнато од македонска страна, тие работат на железничката линија од Крива Паланка наваму“, вели поранешниот воен офицер Борислав Костов, кој живее на 300 метри од тунелот. Костов е сигурен дека ако коридорот тргне, регионот е осуден на просперитет. Зошто ги даваа тие народни пари, кога царината не работела ниту 5 минути“, праша поранешниот офицер, сега пензионер.

„Копано е и од наша страна, останува многу малку да се поврземе со ископаното од вас“, кажа македонецот Игор, чија куќа е оддалечена на околу еден километар од тунелот.

„Не се грижи, коридорот ќе го има, ние го започнавме од долу нагоре“, кажа полицаецот, дежурен на на македонскиот граничен премин Деве Баир.

Значи, засега има тунел и царина, а доколку има политичка волја, возот треба да помине низ тунелот под Осоговската планина.

Извор: БГНЕС


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO