Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ја изрази радостта од трансферот во Интер и го определи наставникот на тимот Антонио Конте за „најдобар во светот“.

Белгискиот репрезентативец се пресели од Манчестер Јунајтед во Интер за 73 милиони фунти вчера и беше пречекан од радосните навивачи на Интер на аеродромот во Милано. „Конте влијаеше многу на мојата одлука да дојдам овде. Тој е најдобриот на светот. Тој е човек кој ги тера играчите да стануваат подобри во текот на целото време. Неговата визит-карта зборува сама за себе“, коментираше 26-годишниот напаѓач.

„Мислам дека Интер е тим со многу позитивни страни. Имав потреба од точно таков предизвик, каде треба да му помогнам на еден тим што ја гради својата иднина. За мене, сè е тука видливо, за да ми помогне и се надевам дека ќе им помогнам и јас. на моите соиграчи со напорна работа и посветеност на играта “, додаде рекордерот во голови за репрезентацијата на Белгија.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO