Што ново дознавме од протечените снимки за случајот „Рекет“? Дека во вечната македонска транзиција и „хиените“ можат да станат жртви… Пишува Борис Георгиевски за Дојче Веле.

Имаше нешто во таа анимација; во визуелното доживување на моментот кога Боки 13 и неговиот ортак Зоран Милевски излегуваат низ вратата со торби полни пари, а Јордан Камчев- жртвата, сведокот-жртва, грижливо ги испраќа од домот со влечки, како чиниш си ги испраќа децата на училиште. Не случајно и им беше направил „спецификација како да си во прво одделение“.

Јавноста и досега знаеше дека Јовановски и Милевски си заминале од домот на Камчев со уредно спакувани еден милион евра. Тоа го објави обвинителството уште на денот, 15 јули, кога беше соопштено дека двајцата се осомничени за уцена на бизнисменот.

Ниту пак е изненадување споменувањето и повикувањето на Боки 13 на името на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обвинителката Вилма Русковска го потврди тоа во интервју за телевизија Телма на крајот на јули.

Сепак, визуелизацијата на моментот- можноста да се види како сето изгледало- ја возбуди јавноста, предизвика сензација и ја загреа политичката атмосфера во земјата до максимум.

Потоа се појави нова снимка, па на крајот беа објавени и комплетните аудио материјали од разговорите кои ги поседува италијанскиот весник Ла Верита.

И, што дознавме од нив?

„Хахаха! Јас и ти брат сме такви хиени“, му порачува Камчев на Боки во моментот кога сфаќаат дека „Бобо“ е најавен на гости кај него, а неговата сопруга кај Боки 13. Во ред, да не се правиме будали, сите знаеме кој е Бобо, и која е неговата сопруга.

Македонската транзиција трае толку долго што и најголемите профитери од неа дочекаа да станат жртви. „Хиените“ кои 30 години грабаат што ќе стигнат, палат и гасат во политиката, економијата, културата, здравството… Кои не сакаат со години да се „влечат по судови“, да ги „рекетираат адвокати, судии, к***ви“.

Така е тоа во Македонија. Не е секој роден да се влече по „судови, к***и“, покрај сите други маки. На пример, страшно е да живееш во држава каде банките немаат да ти дадат еден милион евра во апоени од по 50 евра, па мораш да ги исплаќаш по 500!

„Хахахаха!“ Со ластиче и бројче.

Целата статиjа на Борис Георгиевски за Доjче Веле тука.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO