Индексите на Вол стрит и на другите светски берзи бележат пад откако инвеститорите страхуваат дека трговската војна меѓу САД и Кина би можело да и нанесе трајна штета на светската економија. До ова дојде откако Кина ја собори на вредноста на јуанот на најниско ниво во однос на доларот во последните 11 години како одговор на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни царини за кинески производи.

Трамп ја осуди Кина дека манипулира со нејзината валута, додека експертите страхуваат дека Кина и натаму би можела да ја користи валутата како оружје во трговската војна со САД. Слабиот јуан им одговора на кинеските производители бидејќи нивните производи стануваат поевтини на светските пазари.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO