Под псевдонимот Шкендер-беј, видниот костурски војвода на ВМОРО Лазар Киселинчев  во дневниот весник Илинден. 18, Софија, 6.05.1923 година публикува еден грчки рапорт во кој се опишува дејноста на Гоце Делчев во Егејска Македонија.

„Действията на българите напоследък са извънредно усилени, приготовляват се трескаво с намерение да обявят повсеместно възстание в Македония. От всякъде продължава внасянето на оръжие и военни припаси, което се раздава на местните жители. […] Напоследък в нашият район – в североизточната част на Македония, се е появил некой си Делчев, който се крие зад гръцкото име Ахилевс, последният не е разбойник, а високо интелегентен и образован човек, който заобикаляйки селата раздава пушки на селяните и същевременно ги организира по един завиден начин.“

Извор: Скенирано од оригинален примерок

Автор: Лазар Трпов Киселинчев (1874-1946; Софија) е виден бугарски револуционер, костурски војвода од ВМОРО. Учи во Атина, каде ги поставува темелите на Бугарски македонски комитет и, заедно со револуционерите Атанас Кершаков, Васил Чекаларов и Дељо Марковски, организира канал за внесување на оружје од Грција и Албанија во Југозападна Македонија. За време на Илинденско-преображенското востание е член на костурското горско началство и заменик на неговиот близок пријател Васил Чекаларов. Лазар Киселинчев е брат на славниот скулптор Пандо Киселинчев и архитектот Георги Киселинчев.

За повеќе информации за војводата Лазар Киселинчев тука.

За да ја прочитате книгата кликнете тука.

Извор: Библиотека Струмски

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO