Реставрираниот паметник на херојот од Балканските војни /1912-1913/ полковник Константин Каварналиев ќе биде откриен во македонскиот град Дојран. Премиерите на Северна Македонија и Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов ќе оддадат почит на настанот. Борисов ќе биде на посета во Северна Македонија на 1 август.

Полковникот Константин Каварналиев ќе остане во сеќавањето на бугарскиот народ со жртвувањето и спасението на илјадници цивилни Бугари кои бегаат од Грците за време на Меѓу-сојузничката војна /1913/.

Каварналиев потекнува од трговско семејство. Тој е по потекло од градот Шумен, каде е роден на 15 ноември 1865 година. Како многу млад, буден Бугарин во тоа време, тој избра кариера во војската. Уште во началото на военото училиште Каварналиев е на фронтот.

Во Српско-бугарската војна – 1885 година, 19-годишниот jункер покажал храброст во битките кај Сливница, Цариброд и Пирот, за што бил награден со Сребрен крст за храброст.

Следуват години на обука. Младиот Каварналиев дипломирал во Воената академија во Белгија и специјализирал во Италија. Завзема позиции во 6-та пешадиска дивизија „Бдин“ и 5та Дунавска дивизиjа. Во пресрет на војните за национално обединување тој е полковник.

Полковникот Каварналиев ќе покаже неизмерна храброст за време на Меѓу-сојузничката војна, кога тој треба да ги заштити бегалците што бегаат од грчката армија, која уништува сè бугарско од Солун кон север. Го покажал својот талент како главен командант прво во Кукуш, потоа во Дојран.

Благодарните Бугари не го забораваат својот херој. Во 1916 година бил подигнат споменик на Константин Каварналиев близу Дојран, кој во тоа време бил дел од Бугарија. Го открил уште еден голем бугарски воен командант, полковник Борис Дрангов од Скопjе, а на местото зборувал истакнатиот писател Антон Страшимиров. Споменикот е висок 7 метри и наликува на спомениците на Апостолот на слободата и на Царот Обединител во Софија.

Споменикот го има следниов натпис: „Полковник Каварналиев, убиен за слобода и татковина, од 9-та Плевенска дивизија“.

Српските комунисти не можат да го прифатат неговото постоење и во 1966 година тој е уништен. Неговото уништување е дел од кампањата на диктаторот Тито на југословенските комунисти за уништување на бугарските споменици во земјата.

По промените, патриотските Бугари го обновиле споменикот, но елементите поврзани со Белград не го дозволија неговото подигнување, па дури и го осквернале гробот. Споменикот е подигнат во родниот град на херојот – Шумен.

***

Повеќе од 100 години по неговиот подвиг, полковникот Константин Каварналиев конечно ќе го има неговиот споменик. Тоа беше овозможено благодарение на новите односи меѓу Бугарија и Македонија.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO