ВМРО-ДПМНЕ и по повлекувањето на Никола Груевски од претседателскиот пост на партијата, продолжува да ја заштитува од него наложената ʺантиквизација”.

Основната цел на ʺантиквизацијата” е со псевдонаучни средства да се изгради политички мит за директна врска меѓу античките македонци, кои во древноста живееле во западниот дел на денешна Северна Грција и денешите македонци во Северна Македонија која е расположена на територијата на античките области Пеонија и Дарданија.

Овој ʺетнички инжинерингʺ, кој нема ништо заедничко со нашите традиции, ниту пак со историското ВМРО, беше најсилно изразен преку проектот ʺСкопје 2014ʺ, беше основната причина нашата татковина повеќе од 10 години да биде блокирана во нејзините евроатлантски аспирации.

И она што е најстрашното, ваквата долгогодишна меѓународна изолација можеше да ја доведе во прашање и нашата државност.

Но и покрај овие очигледни факти за оваа погубна политика, не гледаме ниту симболични знаци од сегашното раководство на ВМРО–ДПМНЕ за разграничување и осудување на ʺантиквизацијата”

Напротив, Благица Ласовска, пратеничка во собранието на Северна Македонија и претседател на Унијата на жени на ВМРО–ДПМНЕ, во пратеничко прашање до премиерот Зоран Заев ја заштитуваше ʺантиквизацијатаʺ со тоа што сонцето од Кутлеш е најдено во прилепското село Бонче.

 

Тоа е уште еден доказ дека и денешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо заедничко со историското ВМРО и дека продолжуваат да го залажуваат сопственото членство за историски континуитет со организацијата.

Ако ги беа прочитале спомените на дејците на ВМРО, но и други сведоштва од времето кога тие делувале лесно ќе разбереа дека всушност тие жестоко се бореле против ʺантиквизацијата” сметајќи ја за туѓа и со која се цели елинизација на нашиот народ.

Во продолжение даваме и неколку факти за тоа. Од спомените на грчкиот владика Германос Каравангелис ʺМакедонската борбаʺ разбираме дека при средба со Коте од Руља ( физичкиот убиец на војводата Лазар Поп Трајков) истакнал:

ʺВие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчкиʺ.

На 29 декември 1902 година, Чакаларов се наоѓа во Лабница и пишува во неговиот дневник:

ʺМакар и да бяхме казали да бъдем тайничко, но всички ни узнаха даже и гъркоманския поп Герман, поиска да доди при нас. Позволихме му и доде. Тоя брат дотам се е погърчил, щото почна да ни говори една българска две гърцки. Подигнахме въпроса за народността му, той се помъчи всячески да ни докаже, че ние сме гърци! Като не можа да изложи факти, които му поискахме, почна да развива историята за великия Александър Македонски, че не сме нито гърци, нито българи, а сме македонци, без да помисли, че во Македония има и турци и евреи и от много други нации. Човек, който не разбира от история и да почни да ти проповедва со нея, това е много смешно! Ние не искахме да влизаме в повече разпри с него и затова го зарезахме.ʺ

Оставаме секој сам да си носи заклучоци.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO