Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо и тоа е една од оние можности кои што биле понудени.

„Зоран Заев со предлогот уште еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и ‘Русковска обвнителството’. Тој уште еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, и практично бил дел од селективната правда која што ја нарачуваше Зоран Заев од канцелариите на Бладата, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ја исполнуваа на дело. Сите оние кои што беа против Зоран Заев, кои што ќе се обидеа да кренат глава против Зоран Заев, беа обвинувани и осудувани од страна на Русковска и Кацарска. Затоа, тоа е една лична желба на Зоран Заев која што за нас е далеку од прифатлива“, изјави Арсовски.

Арсовски додаде дека ќе продолжат да инсистираат на датум за предвремени парламентарни избори.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO